Lefkas

Lefkas. Ionian island

Помеѓу Кефалонија и Крф се наоѓа островот Лефкада кој е уникатен остров карактеризиран како нај живописен остров во Јонското море. Има уникатна природна убавина, зелени планини, добра клима и прекрасни уникатни плажи како што се Kathisma, Porto Katsiki, Egkremni, Basiliki, Mikros Gialos, Ai Yannis, што ќе ги импресионираат и нај прибирливите посетители со својата тиркизна боја. Некои од нив се опкружени со шуми а другите со импресивни падови при што повеќето од нив се дел од најубавите плажи во Грција. Лесниот пристап до Лефкада со подводниот мост го прави овој остров идеална дестинација секоја сезона од годината.

Nydri

Нидри е лоциран 18 км од главниот град на островот.
Одалечен е од интернационалниот аеродром Актио (PVK) 45 километри. Автобуската линија ( KTEL 0030 26450 22364) го поврзува островот со дневни тури од и до Атина, Петрас и Солун.
Со нулта надморска висина Нидри е идеален за велосипедисти, деца и старите лица секаде може да стигнат со едноставна прошетка.

Porto Katsiki

Porto Katsiki ((Πόρτο Κατσίκι ‘goat port’) така наречената козја порта на островот на Јонското море Лефкада е плажа. Името на плажата потекнува од старите приказни кога до оваа област можеле само да стигнат козите. Плажата се наога на дното на конкавна бледа карпа. Се наоѓа на само 35 километри од градот Лефкада во близина на селото Athani.

Egremni

Водата на Егремни плажата е кристално чиста и зајдисонцата многи често се драматични. Плажата е од мали до средни каменчиња кои што се многу удобни додека лежите на нив, и се бела боја типична за островите на Јонското море. Длабочината на морето се зголемува блиску до брегот особено на северниот крај на плажата каде што круз бродовите можат да ги донесат туристите директно на брегот. Често има интензивни бранови, бидете претпазливи ако сте со мали деца на плажата.

 Ако сакате да дознаете повеќе информации за плажите на Лефкада посетите тука.

Spilia Papanikoli

Papanikolis морска пештера: Архиологистите веруваат дека пештерата на Папаниколис во минатото била автопат на подморниците. Преполна е со многубројни пештери. Papanikolis пештерата е идеални лоцирана на островот Meganisi, кој што е одалечен само 12 наутишки милји од селото Нидри, Лефкада. Најдобриот начин да дојдете до пештерата е со круз брод од Нидри и е потребно околу 45 минути да се стигне до неа.

фотографии

видео